Каква серија на Бетис, пак одиграа нерешено

Валјадолид и Бетис одиграа без победник 1:1 во денешниот прв меч од 34. коло од вкупно четири што се на распоред во Ла Лига.

Гостите допатуваа со најдолгата актуелна низа од нерешени дуели во шпанското првенство и повторно шести пат по ред одиграа без победник.

Руибал Гарсија со погодок во 49. минута најави дека Бетис конечно може да победи во Ла Лига, но и Валјадолид, кој е рекордер сезонава во Шпанија со 16 нерешени мечеви покажа дека има адути да избегне пораз.

Шон Вајсман израмни со погодок во 68. минута, па и двете екипи си ги задржаа рекордите. Бетис со актуелната серија од шест ремија и Валјадолид со дури 16 меча без победник во 34. кола.

 

- Оглас -

Најнови вести