Каква срамота, дури и Катар е пред Аргентина! (Видео)

Нов меч и ново разочарување за Аргентина. Селекцијата која ја сметаат за еден од главните фаворити за освојување на трофејот на Копа Америка рано утрово одигра нерешено 1:1 против Парагвај, во второто коло од групата Б. За Гаучосите ова е прв освоен бод, но и тој не е доволен да се избегне дното од табелата.

Аргентина на крајот може да биде и задоволна што не претрпе нов пораз. Парагвај поведе со голот на Ричард Санчез во 37-мата минута. Аргентина нападна во вториот дел, а израмнувањето стигна во 5-мата минута, и тоа од пенал. Судијата реши да побара помош од ВАР-технологијата, а иако ниту Аргентинците не бараа пенал, на крајот беа изненадени што добија удар од белата точка поради играње со рака на еден играч на противникот.

Лионел Меси биеше прецизно од белата точка и израмни на 1:1 во 57-мата минута, откако прегледувањето преку ВАР-системот дали има пенал траеше речиси пет минути. Парагвај повторно имаше можност да дојде во водство, и тоа само неколку минути подоцна. Отаменди направи фаул врз Гонзалес во шеснаесетникот, а судијата оправдано покажа дека треба да има пенал и за Парагвај.

Гонзалес, кој беше фаулиран, реши да го изведе пеналот, но голманот на Аргентина, Армани, го одбрани неговиот удар. До крајот немаше промена на резултатот, па остана 1:1 и Аргентина стигна до првиот бод на турнирот, кој сепак не значеше поместување од дното на табелата.

https://youtu.be/YWW0HwjtVao

КОЛУМБИЈА ВЕЌЕ  Е ВО НОКАУТ-ФАЗАТА

Во вториот меч од оваа група, Колумбија минимално со 1:0 го победи Катар. Фаворитот дури во 86-тата минута со голот на Запата го скрши отпорот на селекцијата која е првак на Азија, а на Копа Америка е со покана.

Катар повторно покажа дека има добар состав, а сега во последното трето коло ќе има можност да направи сензација против Аргентина и да го елиминира некогашниот двократен светски првак.

Вечерва на програмата е само еден меч и тоа Уругвај против Јапонија.

 

- Оглас -

Најнови вести