Какво лицемерие – Вокер апелираше да се остане дома, а си организирал оргии со проститутки

Голем скандал ја тресе фудбалска Англија, а главен виновник е најскапиот десен бек во историјата на англискиот фудбал Кајл Вокер.

Играчот на Манчестер сити призна дека организирал оргии со пријател и две проституки во својот апартман, во екот на кризата со Коронавирус.

Дружбата што траела повеќе од три часа се случила во вторникот навечер, во моменти кога и во Англија има рестрикции во движењето и се апелира да се остане дома.

И токму тоа и го сторил Вокер, само неколку часа по оргиите во својот стан, па снимил и видео со кое испрати и порака до навивачите на Манчестер сити и до сите останати да останат во изолација во домашни услови.

Вокер потврди дека веста што ја пренесоа британските медиуми е точна, откако една од ноќните дами се пофалила на социјалните мрежи.

Кајл стана најскапиот десен бек во Англија при трансферот од Тотенхем во Манчестер сити, а сумата беше 50 милиони евра. Го паметиме и по инцидентот со нашиот поранешен репрезентативец Горан Попов, кој плукна во правец на Вокер изнервиран од провокацијата на англискиот репрезентативец на меч меѓу Сити и Вест Бромвич Албион.

- Оглас -

Најнови вести