Какво презиме, таков гол – Кинг постигна погодок од гол на гол (Видео)

Том Кинг, голманот на Њупорт таун, постигна фантастичен погодок од гол на гол на мечот против Челтенам во меч од Лига 2 во Англија вечерва.

Кинг имаше моќен дегажман, а топката малку помогната и од ветерот го прескокна неговиот колега Џошуа Грифитс на спротивната страна и заврши зад неговиот грб.

Гол што секогаш е за пофалба и се случува, но многу ретко во фудбалот. За среќа на Грифитс, кој не го процени добро летот на топката, домаќините сепак избегнаа пораз со голот на Блеир, па мечот заврши нерешено, 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести