Калчо-класика со седум погодоци и неверојатна победа на Јувентус (ВИДЕО)

Рома и Јувентус го одиграа еден од најинтересните, ако не и најинтересен натпревар од топ 5 лигите во оваа сезона.

Седум погодоци, неверојатни пресврти, мајстории од слободен, промашен пенал, црвен картон и на крај победа за гостите од 4:3, а херој е голманот Војче Шчесни кој фати пенал во самата завршница.

Но, да одиме од почеток, Рома поведе со голот на Абрахам во 11-та минута, додека Јуве израмни преку Паоло Дибала со навистина убав гол откако претходно имаше една сомнителна ситуација по која не беше досуден пенал за Рома.

Со овој резултат се замина на полувреме, а веднаш на стартот од второто Рома со два брзи гола, од кој еден беше мајсторија од слободен удар на Пелегрини, поведе со 3:1.

Но, Јуве не го кажа конечниот збор, па преку Лукатели, Кулушевски и Де Шиљо во периодот од 70-та до 77-та минута, направи неверојатен пресврт и поведе со 3:4.

Но во 81-та минута, Де Лихт играше со рака во шеснаесетникот и доби втор жолт, автоматски црвен картон а најстрогата казна не успеа да ја реализира токму Пелегрини, кој беше запрен од Шчесни.

Со оваа победа, Јувентус дојде до бројката од 38 бодови со што опасно се приклучува во борбата за пласман во Лигата на шампионите, но и титулата во Серија А лигата.

- Оглас -

Најнови вести