Калин Ивановски загуби, но покажа дека Македонија има тениска иднина

Талентираниот македонски тенисер, Калин Ивановски загуби 9 гејма по ред и беше поразен од Британецот Џек Пинингтон Џонс во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон. Ивановски беше одличен во првиот сет, водеше со 5-4, но тогаш една година постариот Британец бодрен од публиката ги искористи своите предности и го доби сетот со 7-5.

Во вториот сет немаше неизвесност, Џонс славеше со 6-0, но на половина од сетот Ивановски се здоби со непријатна повреда, имаше и медицински тајмаут, и не можеше да го даде својот максимум.

И покрај поразот, Ивановски направи успех каков што досега имал само уште еден Македонец во историјата. Александар Китинов во двојки во сениорска конкуренција пред 20 години исто така стигна до третото коло на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести