Калјари и на Интер му покажа дека е непријатен домаќин

После поразот на гостувањето кај Калјари од 1-2, екипата на Интер „им го понуди“ третото место на табелата во Серија А на Милан и Рома, кои ако победат, може да го престигнат. Сите три гола паднаа во првото полувреме. Интер имаше шанси во вториот дел, но не успеа да освои ниту бод.

Калјари сезонава има само два порази на домашен терен и потврди дека е незгоден кога игра на Сардинија. Во 90 минута, Калјари имаше можност да зголеми на 3-1, но не реализираше пенал.

За Интер заврши серијата од четири победи по ред во дуелите со Калјари. Раџа Наинголан првпат во Серија А има низа од четири средби по ред на кои има гол или асистенција.

Победничкиот гол за Калјари беше дело на Леонардо Паволети, кој има четири гола на последните четири меча на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести