Калјари се поднови пред Нова година со добро познато име

Калјари се поднови пред Нова Година со добро познато име за нив, а Раџа Наинголан третпат во кариерата ќе настапува за тимот од Сардинија.

Овојпат доаѓа од Интер како позајмен играч и ќе остане во Калјари најмалку до крајот на оваа сезона. Поранешниот белгиски репрезентативец не го потврди фудбалскиот квалитет кај Нераѕурите, за кои од 2018 година одигра само 33 натпревари и постигна шест гола, па сега е позајмен во Калјари.

За калчолигашот од Сардинија има одиграно над 130 мечеви и сега ќе има шанса на истото место да си ја подобри статистиката и да му помогне на Калјари да избегне испаѓање од Серија А.

Во кариерата играше и за Пјаченца и за Рома, а за белгиската репрезентација настапи 30 пати и постигна шест гола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести