Камерите не лажат – Ја пренесуваа Вуелта, открија стебла со канабис

Камерите не лажат, а вистински хит на социјалните мрежи е секвенца од преносот на велосипедската трка околу Шпанија, или популарната Вуелта.

При панорамско снимање на трката од хеликоптер, камерите открија мини-плантажа со стебла на канабис на една од зградите во Икуалада, гратче во близина на Барселона.

Секвенцата од преносот каде што јасно се гледа дека некој го злоупотребил законот во Шпанија стана хит на социјалните мрежи, а подоцна при претрес на зградата, откриено е дека се одгледувала марихуана. Запленети се 40 стебла на канабис, а казната за таков престап е од 3 до 6 години во Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести