Кампацо и Рејес минаа лесно, ќе платат казна од илјада евра за навреди

Факундо Кампацо и Фелипе Рејес минаа лесно и ќе платат по илјада евра парична казна за навредите кон судиите во контроверзното финале во Копа дел Реј, што европскиот првак Реал Мадрид го загуби од Барселона.

Кампацо е фатен на камерите како извикува „крадци, крадци…“ кон судиите, а Рејес постапи слично и во бес извикувал „Ова е е*ена срамота и кражба“.

Многу врева се крена за време и по завршувањето на финалето, а од Реал се заканија дури и со истапување од шпанската Прва лига.

 

- Оглас -

Најнови вести