Кан: Ми понудија работа како модел за долна облека, но таа професија му ја оставив на Роналдо

Оливер Кан, поранешниот голман на Германија и Баерн Минхен, по завршувањето на професионалната кариера се појави во неколку германи ТВ-шоуа, беше заштитно лице на повеќе производи во Азија и се појави во доста реклами поради неговата популарност на континентот која ја стекна за време на СП 2002 кое се одржа во Јапонија и Јужна Кореја.

Едно време се проба и како фудбалски аналитичар, а за „Кикер“ откри интересна анегдота дека му била понудена работа како модел за долна облека.

„Работата како аналитичар ми помогна да останам активен во фудбалот, но имав и такви понуди за работа кои воопшто не прилегаа на мојот карактер. Како на пример, ме бараа да бидам модел за долна облека, но таа професија му ја оставив на Кристијано Роналдо и неговите стомачни мускули, исто и на Дејвид Бекам. Фудбалерите како Бекам и пред да ја завршат кариерата, знаеја што ќе прават понатаму во животот бидејќи градеа бренд додека играа фудбал“, истакна Кан.

Кариерата ја заврши во 2008 година, а Кан сега е дел од одборот на директори во Баерн Минхен и наводно во иднина планира да се кандидира за претседателската позиција во клубот.

- Оглас -

Најнови вести