Кан објасни што му треба на ПСЖ за сега да може да успее

Легендарниот германски голман Оливер Кан, сега ја има челната функција во германскиот гигант Баерн Минхен. Токму Баерн пред две сезони не му дозволи на ПСЖ да го оствари сонот да стане европски првак. Баварскиот гигант во финалето од ЛШ со 1:0 ги победи Светците од Париз.

ПСЖ ова лето се засили со неколку играчи, а кулминација е денешното доведување на Лионел Меси. Во ПСЖ сеига има играчи од калибарот на Меси, Нејмар, Мбапе, Икарди, Ди Марија, Рамос, Вајналдум, Донарума… Францускиот тим е главен фаворит за европската титула, но Кан, кој како голман на Баерн бил на тронот на Европа, даде свое мислење што му треба на ПСЖ.

„Ме прашувате дали може да успеат? Навистина мислите дека може да успеат? Ќе успеат сите тие играчи меѓусебно да се вклопат? Ќе биде многу интересно. Ќе мора да почекаме и да видиме како ќе функционираат. Погледнете како функционираше Италија на ЕП 2020. Во составот имаа неколку големи имиња, но сите од првиот момент покажаа дека главна цел им е да се вклопат во една голема целина“, Кан ја коментираше ситуацијата во која сега е ПСЖ.

 

- Оглас -

Најнови вести