Канаѓаните конечно покажаа зошто се најтрофејни во НХЛ

Монтреал канедиенс едвај се протнаа во доигрувањето за титулата во НХЛ, но веднаш на стартот покажаа шампионски дух и зошто се најтрофејната екипа во историјата на Лигата со стартна победа во плејоф серијата против Питсбург.

Канаѓаните тргнаа од последното 12-то место што води во плејофот во Источната конференција, а сега има фалат две победи за да го елиминираат петопласираниот тим во скратената верзија на регуларниот дел.

Монтреал е убедливо најтрофејната екипа во НХЛ со 24 титули, дури 11 повеќе од Торонто и 13 од Детроит.

Со головите на Котканиеми и на Сузуки, Монтреал  двапати водеше, но во финишот на мечот се спаси од пораз. Питсбург израмнуваше со погодоците на Крозби и на Раст, а потоа промаши и пенал на три минути до крајот на мечот.

Шери не успеа да ја погоди мрежата на Монтреал и се играа продолженија. Во дополнителното време и 24-кратниот НХЛ првак утна казнен удар, откако Друин не успеа да им донесе победа, но грешката ја корегираше Петри со победнички гол во првиот меч по кам-бекот на мразот во НХЛ, во кој се играа продолженија.

Понатаму ќе оди екипата што ќе забележи три победи во плејоф-серија од максимум пет натпревари.

Во останатите мечеви, први по рестартот на сезоната Каролина го победи Њујорк ренџерс со 3:2, Чикаго го изненади Едмонтон со триумф од 6:4, Њујорк ајландерс беа подобри од Флорида пантерс и победија со 2:1, а и Калгари води со 1:0 во серијата со Винипег, откако славеше со 4:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести