Канаринците му ја отпеаја прошталната на Мурињо – Норич го елиминира Тотенхем во ФА купот

Тим Крул беше јунакот на Норич, екипа што го елиминира Тотенхем по над двечасовна битка во Лондон по подобро изведување на пенали во петтата рунда на ФА купот.

Популарните Канаринци веројатно му ја отпеаја прошталната песна на Жозе Мурињо, кој има скромни резултати со лондонскиот клуб.

Домаќините водеа со голот на Фертонген, но Дрмиќ израмни па се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше гол, а на пенали домаќините промашија три удари од белата точка и испаднаа.

- Оглас -

Најнови вести