Канатларовски го објави списокот: „Со победа против Грузија да останеме во борба за второто место“

Младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година во ноемврискиот прозорец ќе одигра два натпревари, првиот против Грузија на домашен терен на 16 во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство, кое во 2025 ќе се одржи во Словачка, а пет ден подоцна ќе следува и пријателски натпревар против Австрија на гости.

На списокот на селекторот Драги Канатларовски се вкупно 24-ица фудбалери, а очекувањата се победа против Грузија за останување во трката за втората позиција, додека против Австрија шанса ќе добијат играчите коишто имаат помала минутажа.

„Нè очекува еден исклучително тежок натпревар против репрезентацијата на Грузија и мораме да одиграме квалитетно и концентрирано во текот на сите 90 минути. Се работи за една квалитетна и цврста репрезентација. Во октомврискиот циклус имавме еден неочекуван пораз од Молдавија. На овај натпревар одиме на победа и да останеме во игра за тоа второ место во групата. Се соочуваме со одредени проблеми во играчкиот кадар, особено ослабнати сме со отуството на Бехар Фета поради повреда. Андреј Стојчевски ќе недостасува поради картони, а Марио Ричков е уште еден фудбалер кој нема да биде во можност да се стави на располагање поради повреда, Имаме тројца нови играчи: Димитриј Поповски,Ардијан Цилафи,Фисник Исаки. Верувам дека ќе донесат добра енергија и квалитет во тимот. Имаме и втор натпревар со Австрија, каде што одиме да се надигруваме и да им дадеме шанса на оние коишто имале помала минутажа во текот на квалификациите“, изјави селекторот на репрезентацијата до 21 година, Драги Канатларовски.

Список на повикани фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски – А.П. Брера
Стефан Митрев – Кожуф
Иван Николоски – Победа

ОДБРАНА:

Димитриј Поповски – Силекс
Стефан Деспотовски – Работнички
Решат Рамадани – Динамо Киев
Имран Фетаи – Тиквеш
Андреј Стојчевски – Жилина
Виктор Крстевски – Гостивар

СРЕДЕН РЕД:

Иван Николов – Сондеријске
Ардијан Цилафи – Сампдорија
Хамза Рамани – Шкупи
Лука Станковски – Газијантеп
Алекс Златков – Шкупи
Димитар Тодоровски – Работнички
Матеј Ангелов – Работнички
Ване Крстевски – А.П. Брера
Берат Калкан – Каршијака
Фисник Исака – Б93
Методи Максимов – Шкендија
Христијан Георгиевски – Струга Трим Лум

НАПАД:

Марио Илиевски – Кишварда
Луан Абази – Шкупи
Димитар Трајков – А.П. Брера

- Оглас -

Најнови вести