Навивачите на Челзи останаа во шок и неверица кога во 51-вата минута нивниот нов напаѓач Марк Гују, кој дојде од Барселона, не реализира една 100 отстотна шанса.
Шпанецот имаше шанса да се прослави и да му донесе предност од 2-0 на Челзи против Сервет во дуелот од квалификациите за Конференциската лига, но направи нешто што не му доликува на еден напаѓач кому работата му е да постигнува голови.
Честитки и за голманот на Швајцарците, кој не се откажуваше и беше упорен, но ако Гују реагираше како што треба, сигурно дека ќе имаше погодок.
Погледнете: