Кансело се сели во Манчестер, Данило го засилува Јувентус

Жоао Кансело ќе биде најновото име во редовите на Манчестер сити, откако претставниците на англискиот првак и италијанскиот шампион Јувентус вчера постигнаа договор околу долгоочекуваниот трансфер. Старата дама за возврат ќе го добие Бразилецот Данило и 30 милиони евра, додека дополнителни пет милиони евра ќе бидат вклучени во трансферот преку бонуси.

Преговорите траеа повеќе од еден месец, а дури вчера клубовите најдоа решение да се оствари размената. И Кансело, и Данило претходно ги договорија персоналните услови со Сити, односно Јувентус, така што останува уште да се заврши административниот дел за официјално да бидат потврдени ангажманите.

Португалецот се очекува денес да пристигне во Манчестер каде што ќе ги изврши медицинските прегледи, а потоа ќе го стави својот потпис на важечкиот договор до 2024 година и ќе заработува околу 4,5 милиони евра по сезона, додека Бразилецот исто така ќе потпише петгодишен договор со Старата дама, но се согласи на помала плата и ќе зема 3,5 милиони евра годишно.

 

 

- Оглас -

Најнови вести