Уште по самата одлука Светското првенство во 2022 година да се игра во Катар имаше многу полемики околу регуларноста на ФИФА и УЕФА.
Тогашните претсетатели Сеп Блатер и Мишел Платини се отстранети од фудбалот доживотно поради примање мито за лобирање за ова СП.
Реакциите не стивнуваат откако редовно се појавуваат трагични слики за тоа како Катарците се однесуваат кон луѓето коишто работат на стадионите, односно условите коишто ги имаат.
Една од легендите на светскиот фудбал, Ерик Кантона, најави дека нема да го гледа претстојното СП.
„Разбирам дека фудбалот во денешно време е чист бизнис, но ова со организацијата на Катар за СП е претерано и едноставно на останатите земји коишто аплицираа едноставно им беа отфрлени нивните кандидатури.
Катар уби илјадници луѓе, а ние ќе го славиме ова СП и ќе се радуваме на головите и победите, а тоа за мене не е вистинската магија на фудбалот“, изјави легендарниот Французин.
Според неофицијални бројки, повеќе од шест илјади работници загинале за време на изградбата на стадионите, додека уште поголема е бројката на тие што забележале посериозни повреди, а притоа организаторот не им дал никаква финансиска помош.