Кантона се шегуваше, творецот на чудата во Хофенхајм, Салцбург и Лајпциг ќе биде нов менаџер на Манчестер јунајтед

Англиските медиуми веќе објавуваат дека Ралф Рангник ќе биде новиот менаџер на Манчестер јунајтед, и тоа со интересен договор меѓу двете страни со шестмесечна соработка.

Германецот, кој беше творец на чудото од Хофенхајм и го внесе малиот клуб од Геманија во Бундеслигата, а потоа работеше на интересните фудбалски проекти во Салцбург и во Лајпциг, сега ќе се обиде да направи пресврт и фудбалско чудо и со најтрофејниот англиски клуб.

Манчестер јунајтед му враќа отказ на Оле Гунар Солскјер, а привремено решение на клупата на 20-кратниот англиски клуб е Мајкл Карик.

Карик како в.д. шеф на стручниот штаб успеа да дебитира со победа против Вилјареал, завчера со 2:0 во меч од Лигата на шампионите.

Најавено е дека тој и неговите соработници ќе бидат вклучени во стручниот штаб на Рангник, а новиот менаџер на Црвените ѓаволи, според англиските медиуми, сепак нема да го предводи новиот тим викендов, на дербито против Челзи во Лондон.

Интересно е што попладнево на интересен начин се јави легендата на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона, со објава на „Инстаграм“ дека тој ќе биде новиот менаџер на Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести