Капа долу на мраз во чест на Нејтан – Со хет-трик Мекинон ја фрли публиката во транс (Видео)

Нејтан Мекинон ја фрли во транс публиката во „Бол арената“ во Денвер откако со хет-трик голови и една асистенција го предводеше Колорадо авеланш до победа од 6:3 против Сент Луис блус.

Мекинон е еден од најдобрите стрелци во НХЛ-лигата, а блескаше во вториот меч од плејоф-серијата против Сент Луис. Конечно и со публика на трибините се врати вообичаената плејоф атмосфера во најсилната хокеарска лига, а за Нејтан по мечот летаа капи на мразот во „Бол арената“.

Колорадо води со 2:0 во стартната плејоф-серија против прекланскиот шампион, а има и низа од 7 победи по ред, вклучувајќи ги и петте во серија во финишот на регуларниот дел.

https://twitter.com/NHLonNBCSports/status/1395246747761496066?s=20

Предност по ноќешните натпревари имаат и Бостон против Вашингтон со 2:1 во победи, Каролина со Нешвил со 2:0 и Винипег со 1:0 против Едмонтон.

Резултати: Колорадо – Сент Луис 6:3, Бостон – Вашингтон 3:2 по продолженија,Едмонтон – Винипег 1:4, Каролина – Нешвил 3:0. 

 

- Оглас -

Најнови вести