Капарос: Не сакам да ги коментирам пеналите, такви работи се случуваат во фудбалот

Селекторот на Ерменија Хоакин Капарос вели дека е задоволен од играта на своите играчи и не сакаше да ги коментира пеналите.

„Честитки за моите играчи не е лесно да се прими гол на почетокот на мечот и да продолжат да се борат и да играат. Не знам дали беше пенал, вие подобро знаете. Не се разочараа, сакаа да играат и задоволен сум од играта на моите фудбалери. “Не сакам да ги коментирам пеналите. Долги години сум во фудбалот и не е прв пат вакви работи да се случуваат. Што се однесува до тоа на кое место може да завршиме во групата, можам да кажам дека ова е старт на Лигата на нации и ќе се обидеме да играме подобро и да стигнеме до првото место во групата. Сите селекции имаат шанса да завршат први во групата. Сите четири селекции се израмнети“, рече шпанскиот тренер предводник на Ерменија.

- Оглас -

Најнови вести