Капело со сурова критика кон Артур: Тој е како рагбист, додава само назад и на страна!

Артур Мело, плејмејкерот на Јувентус, беше посочен како еден од главните виновници за елиминацијата на гигантот од Торино од Лигата на шампионите.

Медиумите во Италија го критикуват Артур за недостаток на креативност во нападот и тоа беше голем проблем за Јуве против добро поставената одбрана на Вилјареал. Легендарниот стручњак Фабио Капело, кој работи како аналитичар за „Скај спорт Италија“, рече дека Артур е како рагби играч.

„Никогаш не ми се допаѓала играта на Артур. Тој не може да подаде долга топка напред. Како да игра рагби, подава само настрана и назад“, рече Капело.

И поранешниот играч на Јуве, Патрис Евра, се приклучи на критиките.

„Многу сум разочаран. Не може да се очекуваат чуда од Алегри, бидејќи тој нема квалитет во средниот ред. Во мое време играа Маркисио, Видал, Пирло, а сега го имаме Артур. Тој не даде ниту еден пас со кој ќе ги изненади противниците. Артур не е способен да направи разлика“, рече Евра.

 

- Оглас -

Најнови вести