Капитенот на Евертон по 12 години си оди од „Гудисон парк“

Поранешниот репрезентативец на Англија, Фил Јагјелка, се збогуваше со Евертон по цели 12 години. Дефанзивецот засега нема одредено следна дестинација, но смета дека е време за нов предизвик пред да стави крај на професионалната кариера.

Јагјелка е вистинска легенда на клубот од „Гудисон парк“. Во 12 години настапи на 385 меча во сите натпреварувања, на кои постигна 19 погодоци како централен дефанзизвец. Шест години ја носеше капитенската лента на Карамелите, а потекнува од академијата на Шефилд јунајтед, од каде што замина за тимот од Мерсисајд во 2007 година за сума од 6 милиони фунти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести