Капитенот на Франција не сака „дрвен“ медал: Кој го измисли ова с*ање?

Французите загубија во битката за третото место против Данска со 32:35 по две продолженија на Европското првенство во ракомет, но и тие со чудна одлука на ЕХФ добија медали за четвртото место.

Во спортот на шега за освоено четврто место се вели дека се добива „дрвен“ медал, а Французите и според реакциите при свечената церемонија, но и со изјави потврдија дека не го сакаат чудното одличје што го измисли ЕХФ.

„Сакавме да освоиме вистински медал. Француските ракометари секогаш одат на злато, но добивме с*ање. Ова не вреди ништо и не знам кој го измисли медалот за четврто место“, рече капитенот на Триколорите, Валентин Порте.

По двете злата на светските првенства со Франција и по една олимписка и европска титула, Порте сега остана без еден од важните медали, но сепак доби одличје во режија на ЕХФ.

- Оглас -

Најнови вести