Капитенот на Лион направи дивјачки фаул каков ретко се гледа на фудбалските терени (Видео)

Екипата на Лион доживеа вистински дебакл во второто коло од француското првенство, откако на домашен терен загуби од Монпеље со 1-4. Сепак, она што денес се уште е топ тема во француските медиуми е дивјачкиот старт на капитенот на Лион, Александре Лаказет, за што заслужено доби црвен картон.

Од снимката се гледа дека прво судијата не свири фаул над Лаказет, а потоа овој одмазднички стартува над противничкиот фудбалер. За цела среќа фаулираниот Савание се извлече без повреда од овој дуел.

- Оглас -

Најнови вести