Капитенот на Ливерпул ќе му се јави на Џерард пред мечот со Манчестер сити (ВИДЕО)

Ливерпул со 2:1 го победи Саутхемптон и дојде само на еден бод од Манчестер сити, во пресрет на последното коло од Премиер лигата.

Сините од Манчестер во последното коло ќе се соочат со Астон вила, каде што тренер е токму легендата на Ливерпул, Стивен Џерард. Сегашниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон во изјава за „Скај спорт“ кажа дека ќе му се јави на Стиви Џи пред неделниот натпревар.

„Ќе се слушнам со Стиви Џи пред неговиот натпревар со Манчестер сити. Знам дека и нему ќе му биде драго доколку успее да не загуби на нивниот стадион“, изјави, меѓу другото, Хендерсон.

- Оглас -

Најнови вести