Капитенот на Манчестер јунајтед обвинет за три прекршоци

Одморот на грчкиот остров Миконос се претвори во кошмар за Хери Мегваер, капитенот на Манчестер јунајтед. Судот во Грција го обвини Мегваер за три прекршоци по инцидентот кој се случи пред четири дена. Затворска казна од 21 месец и 10 дена е пресудата на грчките власти, но сепак обвиненијата многу веројатно ќе се отфрлат.

Англичанецот е обвинет за напад и неколкукратни обиди за поткуп на службено лице, како и давање отпор при апсење. Тој со уште двајца негови другари бил уапсен на Миконос откако се вмешал во тепачка, а потоа се дознаа причините кои довеле за Мегваер да западне во неволја.

Според изјавата на еден од полицајците кои биле на лице место, Мегваер упорно се обидувал со пари да ја купи својата слобода, повторувајќи дека е капитен на Манчестер јунајтед и дека е богат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести