Капитенот на Манчестер се тепал со албански бизнисмен затоа што ја повредил сестра му

Капитенот на Манчестр јунајтед, Хари Мегваер, уште е во центарот на вниманието, иако англискиот гигант сезоната ја заврши без ниту еден освоен трофеј. Мегваер деновиве бил на одмор на грчкиот остров Миконос, но сигурно нема да го памти многу по добро.

Мегваер заврши во затвор поради тепачката во која биле вклучени повеќе лица. Мегваер со своето друштво неколку часа се забавувале во еден бар, а потоа настанала тепачката. Според пишувањата, друштвото на фудбалерот имало направенаосметка од 70.000 евра на јадење и пиење, но нивната забава била прекината откако непознат човек почнал да ја задева неговата сестра.

Англиските медиуми пишуваат дека албански бизнисмен започнал разговор со Дејзи. Тоа е 20-годишната сестра на Мегваер, која набрзо решила да му даде „корпа“ на додворувачот. Тогаш Дејзи била расечена со остар предмет на рамото, а Мегваер решил да реагира.

Повеќе луѓе биле вклучени во тепачката, а според полицискиот записник, токму Мегваер удрил и еден полицаец. Со парична казна од 100.000 евра, англискиот репрезентативец ќе се спаси од обвиниение.

Снимката од тепачката може да ја погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести