Капитенот на Ватфорд е голем шегаџија: Да платеше повеќе пари, ќе стоеше до него (видео)

Ватфорд во саботата го зеде скалпот на Ливерпул и им го нанесе првиот пораз на Црвените во Премиер лигата по 28 кола. Со убедливите 3-0, Стршните избегаа од опасната зона и воедно го прекинаа походот на лидерот да ја освои титулата без пораз во 38 натпревари.

Капитенот Трој Дини беше стрелец на третиот гол, имаше голем мотив како лидер на Ватфорд да се покаже во добро светло, а расположението на теренот го пренесе од соблекувалната. Пред самиот почеток на средбата, фудбалерите се наредија во тунелот заедно со маскотите, а Дини му се обрати на детето кое стоеше до него: „Да платеше повеќе пари, сега ќе стоеше на таа страна“, покажувајќи со прстот кон Ван Дајк.

На шегата не остана рамнодушен ниту холандскиот стопер, а ниту судиите кои беа пред играчите.

- Оглас -

Најнови вести