Капитенот во последниот меч пред пензионирање, го даде првиот гол за клубот (Видео)

Јанг Бојс со победа од 4:0 против Луцерн ја потврди новата титула во швајцарското првенство. Дуелот против Луцерн немаше некое значење, но засекогаш ќе го памти капитенот на Јанг Бојс, Стив вон Берген.

За искусниот 35-годишен дефанзивец ова беше последен меч во професионалната кариера, бидејќи оди во пензија. Вон Берген не можеше на поубав начин да се збогува од теренот, постигнувајќи гол. Што е уште поважно, за Вон Берген ова беше прв погодок во шестте години поминати во Јанг Бојс. Чекаше да одигра 168 меча, па во последниот дуел, да го даде првиот гол за Јанг Бојс.

Интерено е тоа што, Вон Берген во речиси 20 годишната кариера има дадено само три гола. По еднаш се израдувал како играч на Ксамакс и Палермо, а денеска и во дресот на Јанг Бојс. Некогашниот репрезентативец на Шведска, во кариерата има играно и за Цирих, Херта, Чезена и Џенова.

На крајот, Вон Берген имаше вистински начин да се збогува од фудбалскиот терен.

- Оглас -

Најнови вести