Карачиќ: Го сакам Вардар, ама останувам во Кјелце

Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ во пресрет на новата сезона ги отфрли најавите дека е можно да се врати во редовите на скопски Вардар 1961. Тој во интервју за хрватски медиум рече дека останува во Кјелце.

„Не е тајна дека ги сакам и Вардар и Македонија. Имав некои разговори со клубот, но не добив никаква конкретна понуда. Вардар е голем клуб, уште е актуелен европски шампион и ми годи кога ме врзуваат со него, но имам уште две години договор со Кјелце, кој сепак ми нуди подобри услови и во моментов не размислувам да се вратам во Скопје, немам потреба да размислувам на такво нешто“, вели 31-годишниот Карачиќ, кој очигледно е задоволен од платата која ја зема во Полска.

- Оглас -

Најнови вести