Карагер го нарече Фердинанд „кловн“, а реакцијата на Анри е урнебесна (Видео)

Интер го совлада Милан со 2-0 во првото полуфинале од Лигата на шампионите, а интересна беше анализата за досудениот, па поништен пенал за екипата на Интер.

Џејми Карагер и Тиери Анри во една телевизија, а Стивен Џерард и Рио Фердинанд во друга телевизија го анализираа натпреварот.

Карагер рече тие што мислат дека е ова е пенал, се кловнови, па запрашан на кого мисли, јасно кажа: „На Рио Фердинанд“.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед тврдеше дека конкретната ситуација е чист пенал и дека судијата неправедно го поништил.

Сепак, најинтересна е реакцијата на Тјери Анри во моментот кога Карагер рече дека Рио Фердинанд е кловн.

- Оглас -

Најнови вести