Карагер: Перес и Лапорта сакаат Суперлига бидејќи во моментов не можат против премиерлигашите

Џејми Карагер, некогашниот фудбалер на Ливерпул, кој сега се појавува како аналитичар на телевизија, изјави дека за него лично тоа што во финалето ќе играат Манчестер сити и Челзи е кошмар, но задоволен е што во Европа сезонава доминираат англиски клубови.

„За мене ова финале е кошмар. Но, од друга страна, задоволен сум бидејќи се покажува на кое ниво е англискиот фудбал во моментов. Флорентино Перес и Жоан Лапорта сонуваат за Суперлига бидејќи во моментов нивните тимови не можат да се натпреваруваат со тимовите од Премиер лигата. Не само според квалитетот на фудбалот, туку заостануваат и со финансиските капацитети, а и најдобрите тренери работат во Англија, ги имаме Тухел, Гвардиола, Клоп. Челзи не само што го победи Реал, туку го растури, требаше да им дадат четири или пет гола“, рече Карагер.

По вторпат во последните три сезони во финалето на ЛШ ќе играат англиски екипи, но во шпанските медиуми го потсетуваат Карагер дека од 2014 наваму, од последните седум европски титули, пет беа за Реал или Барса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести