„Карамелите“ го доведоа Ван де Бек, а следен е талентот на Тотенхем кој никогаш не го покажа потенцијалот (ФОТО)

Евертон во последниот ден од преодниот рок значително ги засили своите редови.

Најпрвин, на тренерската позиција седна Френк Лампард, додека тимот стана посилен и за Дони ван ден Бек, кој дојде на позајмица од Манчестер јунајтед.

Холанѓанецот по крајот на сезоната ќе се врати во редовите на тимот од Манчестер бидејќи екипите не се договорија за евентуален откуп.

Во последните часови од преодниот рок, Карамелите покрај Лука Јовиќ, се обидуваат да го доведат и Деле Али.

Талентот на Тотенхем никако да го исполни тоа што се очекуваше од него, а последниве сезони и тренерите дури го изоставуваа од тимот.

Останува да се види дали ќе се успее да се реализира овој трансфер или пак Али ќе остане на клупата за резерви во Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести