Караницата од вчера Конте и Лаутаро ја решија со „борба“ во рингот (Видео)

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес денеска влезе во импровизираниот боксерски ринг направен во тренинг центарот на Нераѕурите. На спротивната страна од рингот беше тренерот на Интер, Антонио Конте. Двајцата со боксерски ракавици решија да ги средат несогласувањата од синоќешниот дуел против Рома.

Конте реши да го извади Лаутаро од игра во второто полувреме, а тоа не му се допадна на Аргентинецот и дофрли неколку зборови на својот тренинг. Медиумите во Италија веднаш тоа го посочија како лош однос на тренерот и фудбалерот, па решија да ги демантираат гласините.

Како пародија, наместија боксерски ринг на тренингот, а Ромелку Лукаку во улога на судија ги најави двајцата фајтери. На крајот, Конте и Лаутаро покажаа дека нема никакво недоразбирање меѓу нив двајцат и не може да се наруши шампионската атмосфера во тимот.

 

- Оглас -

Најнови вести