Луто Кари за Кливленд – Нов луд рекорд на легендарниот бек на шампионот (Видео)

Стефон Кари постави нов луд рекорд во НБА лигата, откако со 40 поени, 4 скока и пет асистенции го предводеше шампионот Голден стејт вориорс до победа од 106:101 против Кливленд кавлирс.

Најкорисниот кошаркар во плејофот од ланската сезона вторпат по ред постигна 40+ поени со 65+ посто прецизен шут од поле и најмалку пет тројки, со што е единствен играч во историјата на НБА лигата со таков ефект.

Во текот на третата четвртина Кливленд имаше двоцифрена предност, 66:55, но шампионите предводени од Кари направија пресврт и славеа четврта победа во десеттиот мечво новата сезона.

Вигинс бепе одличен кај Воините со 20 поени, а кај Кливленд се истакнаа Донован Мичел со 29 поени, 10 скока и 9 асистенции и Мобли со 20 поени, 13 скока и 4 асистенции.

Кливленд ја почна сезоната со 7-0, но сега има три порази по ред. Дури 10 неуспеси сега имаат Езерџиите од Лос Анџелес по поразот од Сакраменто кингс со 114:120 со што 17-кратниот НБА првак е на последното место во Западната конференција.

Лејкерс имаат биланс од 2-10, исто како и Хјустон рокитс, а ноќеска за нив незадржлив беше Деарон Фокс.

Лисицата на Кингс им даде 32 поени, зачинети со 12 асистенции и 7 скока и Сакраменто стаса до петтата победа во 11 натпревари.

Првата ѕвезда на Лејкерс, Леброн Џејмс не играше поради повреда, а бродот што тоне не успеа да го спаси ниту Ентони Дејвис, кој одигра одличен меч со 24 поени и 14 скока.

Резултати: Бостон – Денвер 131:112, Орландо – Феникс 114:97, Њујорк – Детроит 121:112, Оклахома – Торонто 132:113, Сан Антонио – Милвоки 111:93, Мемфис – Минесота 114:103, Годлен стејт – Кливленд 106:101, Л.А Лејкерс – Сакраменто 114:120.

- Оглас -

Најнови вести