Кари го наполни кошот на Кингс, па си помуабети со необичен гостин на трибините (Видео)

Стефон Кари блеска во дресот на Голден стејт вориорс и повторно беше лидер со 37 поени во нова победа, овојпат против Сакраменто кингс со 117:113, а по мечот си помуабети со необичен гостин.

На трибините со специјална поканата од Кари беa медицинската сестра Шелби Делани и нејзиниот сопруг.

Шелби стана хит откако лани се појави фотографија како се бори како лавица во екот на најголемата пандемија за да им помогне на болните од Ковид-19, притоа под медицинската опрема носејќи го дресот на својот омилен кошаркар Стефон Кари.

Бекот на Вориорс веднаш по мечот имаше средба со Шелби и незјиниот сопруг и им подари дрес со свој потпис, откако претходно одигра нова брилијантна партија баскет.

Резултати: Вашингтон – Кливленд 119:110, Атланта – Милвоки 111:104, Орландо – Индијана 112:131, Голден стејт – Сактраменто 117:113.

- Оглас -

Најнови вести