Кари потсети на шампионските денови, може и сам против сите (Видео)

Стефон Кари повторно игра шампионски, на препознатливото ниво со кое доминираше на паркетот во НБА и освои три титули со Голден стејт вориорс, а ноќеска само со една акција ја потврди величината.

Веројатно и најдобриот шутер во историјата на НБА-лигата беше вистински лидер и прв стрелец со 26 поени во победата на Воините од 121:99 против Сан Антонио спарс, а во еден момент со извонредни дриблинзи и креација ја надигра комплетната одбрана на Мамузите и постигна поени.

Акцијата сам против сите во изведба на Кари беше и потег на мечот, на кој Голден стејт забележа убедлива и значајна победа по која се најде во плејоф-зоната во Западната конференција со биланс од 8-6.

- Оглас -

Најнови вести