Кари повторно под нож, нови прегледи во февруари

Првата ѕвезда на Голден стејт вориорс, Стефон Кари, ќе мора да оди на втора операција на дланката. Како што извесуваат американските медиуми, станува збор за рутински зафат, поточно да му ги извадат штрафовите кои му беа поставени при првата операција.

Тешката фрактура на дланката го оневозможи Кари да биде на терените оваа сезона, првичните најави беа дека нема да биде подготвен за настап во текот на регуларниот дел. Во февруари се предвидени нови прегледи според кои ќе се одреди уште колку време е потребно за рехабилитација.

Без Кари, Голден стејт за брзо време се претвори од конкурент за титула во најслабиот тим во лигата. Нивниот учинок по 24 меча е 5-19, а доколку останат на последното место во Западната конференција, франшизата ќе има големи шанси да го добие првиот пик на драфот во 2020 година.

Ова е моментот кога Кари се здоби со тешката повреда:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести