Кари приреди шоу, во Денвер ја мина границата од 20 илјади поени (Видео)

Двете гостински екипи, Голден стејт вориорс и Бруклин нетс, доминираа во дуелите со Денвер нагетс и Филаделфија 76 и победија со двоцифрена разлика.

Стефон Кари приреди убаво шоу во Денвер и со 34 поени и 9 скока беше лидер на Воините во победата од 113:102 против Нагетс.

Кари во второто полувреме даде дури 24 поени и ја мина границата од 20 илјади поени во НБА-лигата.

Досега само 49-мина кошаркари во НБА, вклучувајќи го и Кари, имаат постигнато 20 илјади или повеќе поени во лигата.

Одлично на спротивната страна одигра и Никола Јокиќ со 23 поени, 12 скока и 9 асистенции, но популарниот Џокер имаше скромна поддршка од соиграчите и мораше да го признае поразот.

Во Филаделфија, Бруклин нетс конечно одиграа меч на ниво на кое очекуваат нивните навивачи, а двете ѕвезди, Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, заедно комбинираа 47 поени 18 скока и 12 асистенции за убедлива победа од 127:100.

Кај Филаделфија најефикасен беше Џоел Ембид со 27 поени, а имаше и 12 скока.

- Оглас -

Најнови вести