Кари жонглира со глава и погодува тројка како од шега (видео)

Стеф Кари ноќеска брилјираше во дресот на Голден стејт во победата над Сакраменто кингс (130:125). Плејмејкерот на НБА шампионот беше во добро расположение, заврши со 35 поени, шест асистенции и седум скока, а уште на загревањето пред самиот меч покажа дека е подготвен за ново шоу.

Кари често знае да манипулира со баскетот и да предизвика овации уште пред почеток на натпреварите. Овојпат жонглираше со глава, а потоа како од шега ја смести топката во обрачот и се упати кон соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести