Кариус е предводник на најлошиот тим на годината

Голманот на Бешикташ, познатиот киксер Лорис Кариус, е предводник на најлошиот тим за 2019 година кој го составија новинарите и читателите на шпанскиот спортски весник „Марка“.

Синоќа во Милано се прогласија најдобрите, а Шпанците направија тим и тоа како би изгледало кога би се бирал најлош тим. Во 11-те најслаби има и одлични фудбалери кои разочараа во 2019 година.

Во идеалниот тим на ФИФА има дури четворица (сосе Еден Азар) играчи на Реал Мадрид, што е изненадување ако се знае колку лошо играа Кралевите.

Според „Марка“, најлошиот тим за 2019 година би изгледал вака: Кариус, Лихштајнер, Мустафи, Фил Џонс, Курзава, Фред, Ренато Санчес, Кутињо, Пасторе, Промес, Алексис Санчес.

- Оглас -

Најнови вести