Карло Анчелоти го изедначи рекордот на Алекс Фергусон по бројот на победи во ЛШ

Триумфот на Реал Мадрид над Шахтар беше 102-ра победа во Лигата на шампионите за Карло Анчелоти во неговата тренерска кариера. Со ова Анчелоти се изедначи со сер Алекс Фергусон, кој сите 102 победи ги имаше на клупата на Манчестер јунајтед.

Наредната недела Италијанецот може да стане рекордер. Зад Анчелоти и Фергусон е Хосеп Гвардиола, кој е блиску зад нив со 96 победи, а со оглед на тоа дека е помлад од Анчелоти, има реална шанса во иднина тој да го преземе рекордот.

- Оглас -

Најнови вести