Карлос Алкараз е прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Шпанецот Карлос Алкараз е првиот финалист на тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз. Тој во полуфиналната пресметка лесно излезе на крај со Феликс Оже-Алијасим од Канада, совладувајќи го во два сета, за само еден час и 16 минути на теренот.

Алкараз го доби првиот сет со 6-1 во гемови, а продолжи во ист ритам и во вториот, повторно препуштајќи му само еден гем на ривалот.

Шпанецот во финалети и битката за златниот медал на Олимписките игри ќе го очекува подобриот од вториот полуфинален меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети од Италија.

- Оглас -

Најнови вести