Карлос Вела не успеа во Арсенал, но во САД ги омаловажува противниците (видео)
Сиротите дефанзивци толку беа понижени, што им беше срам да го доиграат мечот.

Лос Анџелес прави јуриш кон лидерската позиција на табелата од Западната конференција, а ноќеска ја запиша петтата последователна победа со 4-0 над Сан Хозе. Два од четирите погодоци ги постигна Карлос Вела, ексиграчот на Арсенал и Реал Сосиедад.
По погодениот пенал во 17-тата минута, Вела постигна уште еден во првото полувреме, кој беше вистинско демек-дело. Во самостојниот продор насамари неколку дефанзивци, како и противничкиот голман. Ги нанижа со една навидум едноставна финта, по која дефанзивците не знаеја што ги снајде.
Инаку, мексиканскиот голгетер на 24 меча сезонава постигна 26 гола и 15 асистенции и е најголем ривал на Златан Ибрахимовиќ, кој игра за соседите ЛА галакси, во трката за Златната копачка во американскиот шампион.