Карловиќ со Зубац и „малиот“ Ноле

Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ (41), објави фотографија на која се тој, кошаркарот Ивица Зубац и Новак Ѓоковиќ. Сликата е направена во Лос Анџелес, кога Ѓоковиќ мислеше дека ќе се игра турнирот во Индијан Велс и го гледаше НБА дербито Лејкерс – Клиперс.

Поради висината на Хрватите, Србинот кој стоеше во средина делуваше како мало дете покрај нив, па Доктор Иво напиша дека е во друштво на Ивица и малиот Ноле. Ѓоковиќ воопшто не е низок, има 188 сантиметри, но Карловиќ и Зубац се џинови со над 210 сантиметри.

Секако Ѓоковиќ не се налути и прифати шега на негова сметка, но духовитиот коментар на Иво предизвика лавина реакции. Најинтересен е коментарот дека на сликата се „Два и пол мажи“, како што е насловот на популарната телевизиска серија.

- Оглас -

Најнови вести