Карлсон ја најави, Карлсон ја завери победата на Ајкулите

Сан Хозе уште на првото гостување во Сент Луис направи „брејк“ и поведе со 2-1 во финалната серија од Западната конференција. Шаркс и Блус одиграа луд меч во кој се постигнаа вкупно 9 гола, а победникот се одлучуваше во дополнително време при конечни 5-4 во корист на Ајкулите.

Гостите тргнаа одлично и со головите на Карлсон и Торнтон имаа 2-0 по првите 20 минути. За помалку од две минути на стартот од втората третина, двете екипи постигнаа по еден гол, а Тарасенко и Перон до крајот на периодот го свртеа резултатот во корист на домаќините. Сент Луис водеше со 4-3 сè до претпоследната минута од третата делница, а Котур изнуди продолжение.

Се играа речиси пет и пол минути во дополнителниот период, а како што Швеѓанецот Ерик Карлсон ја започна голеадата, така и ја заврши. Воедно, овие два погодока се први за Карлсон воопшто во овие разигрувања.

Вториот дуел во Сент Луис, односно вкупно четвртиот во оваа серија, ќе се игра ноќта меѓу петок и сабота, со почеток во 02 часот по полноќ.

 

- Оглас -

Најнови вести