Кармата инстант му врати: Му се смееше во лице на Мегваер, а потоа си замина со наведната глава (Видео)

Манчестер јунајтед и Тотенхем одиграа одличен меч, со многу возбудувања, а на крајот Црвените ѓаволи се радуваа на победа од 3:2. Кристијано Роналдо беше херојот на „Олд Трафорд“, постигнувајќи хет-трик.

Тотенхем два пати успеваше да израмни на 1:1 и 2:2. Првиот пат погоди Хари Кејн од пенал, а потоа капитенот на Манчестер Хари Мегваер си даде автогол. Токму при вториот гол на гостите, дефанзивецот на Тотенхем, Ромеро реши сеирџиски да му се исмева на Мегваер директно в лице, поради постигнатиот автогол.

Сепак, кратко траеше ваквата радост на Ромеро, затоа што Роналдо погоди и по трет пат за Манчестер, а гостинскиот дефанзивец со наведната глава си замина од „Олд Трафорд“.

 

- Оглас -

Најнови вести