Рускиот шаховски велемајстор и некогашен долгогодишен светски првак, Анатолиј Карпов, изјави дека Лионел Меси би можело да биде добар шахист.
„Мислам дека Меси би бил успешен шахист. Многу фудбалери играат шах, играа и во времето на Советскиот сојуз“, изјави Карпов, кој беше запрашан дали мисли дека Меси би бил успешен во шахот откако пред СП се појави онаа монтирана фотографија на која Меси и Кристијано Роналдо седат еден спроти друг и играат шах.