Касемиро емотивен: Ни за илјада животи нема да може им да се оддолжам на Реал и навивачите! (Фото)

Бразилскиот фудбалер Касемиро, по потпишувањето на договорот со Манчестер јунајтед, имаше само убави зборови за неговиот досегашен клуб Реал Мадрид, во кој ја мина целата досегашна кариера во Европа.

Касемиро со Реал освои пет титули во Лигата на шампионите, и беше дел од магичното трио заедно со Модриќ и Крос, трио кое важеше за најуспешен среден ред во светот на фудбалот во последната деценија. Затоа и Касемиро освен своја, објави и една фотографија на која е заедно со Хрватот и Германецот.

„Проживеав нешто што никогаш не ни замислував дека може да ми се случи. Очекувам еден ден да се вратам таму каде што секогаш ќе биде мој дом. Ни за илјада животи нема да може да им се оддолжам на Реал Мадрид и навивачите за тоа што ми го дадоа. Секогаш… Хала Мадрид“ – напиша Касемиро, кој дебито за Јунајтед треба да го има следниот викенд на средбата со Саутхемптон, а понеделничкото дерби со Ливерпул ќе го гледа од трибините.

- Оглас -

Најнови вести